Lako kao 1, 2, 3

Никогаш не било полесно да најдете курс за подготовка на испитите на Кембриџ. Всушност сега е лесно како 1, 2, 3!

Британскиот совет со гордост ви ја претставува нашата нова интерактивна база на податоци на училиштата за странски јазици на интернет. Само кликнете на Лесно како 1, 2, 3 и започнете со потрага.

Упатство за употреба:

  1. Од опаѓачкото мени одберете го градот во кој живеете.

  2. Одберете го испитот кој сакате да го полагате.

  3. Погледнете го списокот на училишта кои нудат курс за подготовка на тој испит.

Дали сте сопственик на училиште?

Ако вашето училиште не е во нашата база на податоци, а нудите курсеви за подготовка на испитите на Кембриџ или сакате да организирате такви курсеви, ве молиме да нé контактирате на exams@britishcouncil.org.mk

Ако сте ја смениле адресата на училиштето или сакате да воведете нови курсеви, испратете ни електронска пошта, како би можеле да ги ажурираме вашите податоци во базата.


Фер-плеј

Оваа база на податоци ги вклучува училиштата кои пријавуваат свои кандидати во Британски совет. Информациите за курсевите ни ги имаат доставено самите училишта и ние немаме можност да ги потврдиме. Британскиот совет е непристрасен и не може да препорачува училишта од списокот или да биде одговорен за нивната работа, квалитет, како и за успехот на кандидатите на испитот. Резултатите од пребарувањето се сортирани по азбучен ред.